Регулаторната комисија за енергетика и водени услуги на Република Македонија испадна со соопштение за потрошувачката на електричната енергија и пофалби како граѓаните рационално ја користат истата.
Ако го прашаме народот како дошло до ова намалување на порошената енергија, одговорот сигурно на повеќето од нив би бил дека кога ќе ја видат сметката веќе не им е ладно. само ќе помислиш на сметката и веќе се одалечуваш од електричните апарати.
Бислимоски: Во јануари домаќинствата имаат за 14 % просечна заштеда на електричната енергија
Домаќинствата за 14% ја намалиле вкупната потрошувачката на електрична енергија во јануари, покажуваат податоците со кои Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија располага, а се од Електродистрибуција. Согласно информациите, вкупната потрошувачка на домаќинствата во јануари годинава изнесувала над 349 GWh (349.830.666 kWh), додека истиот месец минатата година била потрошена поголема количина на електрична енергија и истата изнесувала 408 GWh.
„Од јануари од како на сила е новата цена на електрична енергија која за 99,2 % од домаќинствата е пониска, продолжува трендот на рационално користење на електрична енергија. Секој месец ги анализираме податоците и ги мериме ефектите од блок тарифите. Во прилог се и временските услови, но факт е дека домаќинствата рационално ја користат електричната енергија, па така во јануари потрошувачката на домаќинствата е намалена за
14 %, споредбено со истиот период од минатата година. “ изјави Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
РКЕ од 1 јануари донесе одлука со која за 20,15 % се намали цената на електричната енергија за над 70 илјади
мали фирми кои се на регулираниот пазар, додека цената за домаќинствата за првиот блок се намалува за 4,11 %.