Во Лас Вегас ќе се одржи 64-тото доделување на музичките награди Греми, а Џон Батист е фаворит со најмногу номинации оваа година, вкупно 11.

Џастин Бибер, американскиот рапер Доџ Кет и Габриела Вилсон познати под уметничкото име H.E.R. имаат по осум номинации, а Били Ајлиш седум.

Церемонијата првично беше закажана за 31 јануари, но беше одложена поради појавата на омикронскиот вид коронавирус. Како и минатата година, церемонијата ќе ја води комичарот Тревор Ноа.

Доделувањето на наградата започнува во 19 часот по локално време, што е околу 4 часот по европско време.

Наградата Греми, основана во 1959 година, е годишна награда за исклучителен придонес во музиката и дискографијата, која ја доделува Американската академија за уметности и науки на рекорди (НАРАС).

By Author