Секој од нас сака да биде успешен во својата работа. Покрај љубовта кон професијата, важна е поддршката од колегите, и финансиската стабилност, но и признанијата од претпоставените. Најдобро признание дека добро си ја работиме работата е унапредувањето.

А, доколку сакате унапредување, избегнувајте ги следниве грешки:

Недостаток на иницијатива– Непокажувањето дека ви е важна работата и стравот да кажете што мислите, поточно недостатокот на идеи, може да остават впечаток на незаинтересираност.

Не сте посветени целосно– „Одложувањето“ на работните задачи и намален труд никогаш неостануваат незабележани.

Мешање на работата со задоволства– Избегнувајте љубовни врски со колеги, како и претерано дружење и зближување со колегите.

Доцнење и заминување порано од работа– На секој му се случува да задоцни или да мора да излезе порано поради одредена обврска, но ова не смее да ви премине во навика.

Константно се жалите– Доколку нешто ви смета и се жалите на кој стигнете, тоа може да им засмета на сите, а особено на претпоставените.

Неорганизираност– Неорганизираноста во главно е предизвикана од одолговлекување и земање повеќе обврски одеднаш, затоа избегнувајте ги овие две навики.

Негативност– Никој не сака негативни луѓе кои во се гледаат само како на нешто со лош завршеток.

Избегнувње одговорност– Доколку некаде сте погрешиле, признајте си ја грешката.

By Admin