Се бројат деновите до стартот на Светското првенство во Катар, сите репрезентации веќе ги објавија своите списоци со играчи, некои веќе пристигнаа во Катар, а дел од навивачите се веќе подолго време тука, локалните власти се обидуваат на секој начин да се примат сите заинтересирани.
Помали групи навивачи живеат во шатори под отворено небо, па дури и во контејнери. Во Катар нема место за сите, што е можеби и очекувано со оглед на големината на територијата на земјата.
Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Оман и Кувајт се дел од земјите кои примаат помал број навивачи.
Цените се екстремно високи, едно ноќевање во шатор е дури 100 долари. Со контејнерите ситуацијата е малку подобра бидејќи таму имате малку повеќе личен простор и простор каде што можете да ги оставите работите, но таквото сместување чини дури 200 долари од ноќ. А на оние кои сакаат соба им требаат најмалку 460 долари за ноќ.
Многу навивачи се прашуваат како ќе успеат да стигнат до стадионот од своите шатори и контејнери среде пустина. Навистина изгледа дека организацијата на сместување за навивачите никогаш не била полоша.