Миленикот на многу генерации, музичарот кој ја има една од најдолгите кариери на Балканот, кој го красат големи тиражи и полни сали и феноменот на поранешна Југославија, денеска го прослави својот 71 роденден.
Здравко Чолиќ ја започна својата кариера во далечната 1967 година и оттогаш само реди хитови.
Тешко е да се издвојат најпознатите песни на овој легендарен пејач, бидејќи има снимено преку 200 песни, кои со години се пеат и слушаат низ целиот регион.
Пред многу години, Чола во интервју за магазинот Hooper откри кои од неговите песни му се омилени.
„Сношти не беше тука“, „Април во Белград“, „Ти си ми во крвта “, „Пеам дење, пеам ноќе“ и „Да беше моја“ се песните што биле најважни за неговата кариера кажал Здравко.
Сепак, покрај овие пет песни, на листата на најголеми хитови на Чола би се најдоа и многу други песни.
Легендарниот пејач е на јавната сцена веќе пет децении, но приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста.
Иако од самиот почеток беше миленик на женскиот дел од публиката, неговото срце го освои сопругата Александра со која е во хармоничен брак повеќе од 20 години.
Чола и Александра се венчаа во 2001 година, а за време на бракот добија две ќерки Уна и Лара.
Иако Здравко е голема ѕвезда, тој реши себично да ги задржи за себе животот на ќерките и приватноста на сопругата.
Срекен роденден легендо.