Америка треба да знае, пред да почне да троши замрзнати руски средства, дека и ние имаме што да преземеме, рече Володин и му порача на Вашингтон „да внимава на Алјаска”.
Во 18 и 19 век, Русија имала неколку пунктови во Северна Америка, а една од првите и најдолговечните била Алјаска. Рускиот цар Александар Втори ја продал територијата на американскиот претседател Ендрју Џонсон во 1867 година за 7,2 милиони долари – што денес би било 144 милиони долари. Во 1959 година, Алјаска стана една од американските држави.
– Учтивоста не е слабост. Секогаш имаме за што да одговориме“, рече Володин. „Америка нека се сети на Алјаска кога ќе почнат да ни ги трошат ресурсите во странство, нека се сетат дека имаме нешто што можеме да преземеме. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неколку наврати предложи конфискуваниот руски имот да се искористи за обнова на Украина. Киев проценува дека за реконструкција ќе бидат потребни 750 милијарди долари.
Украинската идеја на некои места беше прифатена, па Канада донесе закони врз основа на кои руските средства може да се користат за реконструкција, а слични закони се разгледуваат и во ЕУ.
Ова предизвика негодување во Русија, пишува Дејли Мејл, толку многу што пратеникот Пјотр Толстој, правнук на Лав Толстој, повика на референдум во Алјаска за враќање под закрила на Русија.
Британските медиуми пишуваат дека Русија има навика да организира лажни референдуми на териториите што планира да ги припои, како што беше случајот со Крим во 2014 година кога 96 отсто од луѓето гласаа за приклучување кон Русија.
Ова не е прв пат Русија да се заканува дека ќе ја заземе Алјаска. На самиот почеток на војната, членот на Думата Олег Матвеичев побара од Вашингтон да ја врати не само Алјаска во Русија, туку и Форт Рос во Калифорнија, населба од 19 век лоцирана во близина на денешно Сан Франциско.