Русија одлучи да протера американски дипломати како одмазда затоа што Вашингтон протера 12 членови на руската дипломатска мисија во ОН на почетокот на март, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Нота со список на американски дипломати прогласени за непожелни лица денеска, 23 март, беше предадена на службеник на американската дипломатска мисија кој беше поканет во руското Министерство за надворешни работи“, се вели во соопштението.
Во соопштението се наведува дека одлуката е донесена поради протерувањето на дипломатите од руската дипломатска мисија во ОН во Њујорк и се додава дека американската страна била информирана дека секој непријателски чин на САД кон Русија ќе наиде на „цврста и соодветен одговор“.
На почетокот на март, во екот на кризата со Русија околу Украина, беа протерани 12 членови на руската дипломатска мисија во ОН, обвинувајќи ги за шпионажа.
Амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов, тогаш го осуди американскиот „непријателски потег“ и рече дека таквите постапки предизвикале „длабоко разочарување и апсолутно отфрлање“ од Москва.