Руското Министерство за внатрешни работи потврди дека воениот известувач Владлен Татарски е убиен денеска во експлозија во кафуле во Санкт Петербург.

„Во 18 часот и 13 минути полицијата добила информација за експлозијата, при што загинало едно лице, воениот известувач Татарски, додека 16 лица се ранети“, изјавија за ТАСС од прес-службата на министерството.

На социјалните мрежи се појави видео кое го прикажува моментот кога на рускиот блогер Владлен Татарски му беше врачена статуа со која крие бомба.

Само неколку минути пред експлозијата на бомбата, убивајќи го Татарски и ранувајќи 25 лица, на рускиот блогер му беше врачена статуа во кафуле во Санкт Петербург.

https://twitter.com/GraphicW5/status/1642575696433233922?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1642575696433233922%7Ctwgr%5E0ae9f6cd02a17f60ee06b835dfed02f224b2a5cd%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Ftrenutak-kada-je-ruskom-blogeru-predata-statua-sa-bombom-u-smrtonosnoj-eksploziji-povredjeno-25-ljudi-video%2F

Не е јасно кој стои зад експлозијата, а Украина негираше вмешаност. Државниот истражен комитет на Русија објави дека отворил истрага за убиството.

Татарски загинал во експлозија во барот „Стрит фуд“ лоциран во центарот на градот, а бомбата имала сила од 200 грама ТНТ.

Инаку, ресторанот некогаш му припаѓал на Евгениј Пригожин, основачот на групата Вагнер, која во Украина се бори за Русија, пишува Дејли Мејл.

By Author