Децата ги копираат нашите дела и не слушаат многу што им кажуваме.

Бабите и дедовците имаат животно искуство стекнато со годините и тоа ги научило на „вистинските“ вредности на животот.

-Можат да ја видат поголемата слика и да ја видат „шумата наместо едно дрво“. Нивното познавање на вистинските вредности им овозможува да поставуваат приоритети и повеќе да не трошат на она што е минливо, неважно, лесно променливо – велат тие.

Бабите и дедовците имаат доволно време, не брзаат, трпеливи се и со целосно внимание им се посветуваат на внуците, тие се благослов во секое детство.

-Тие одамна ги надминаа тешкотиите во усогласувањето на деловните и семејните обврски, немањето пари, недостатокот на време, вишокот проблеми и стресови – велат педагозите.

Може ли баба и дедо да ја заменат градинката?

-Градинката има воспитно-општествена функција. Воспитната функција можат да ја заменат бабите и дедовците, бидејќи се што ќе научи детето во градинка, и тие можат да го научат. Но, ниту бабите и дедовците ниту родителите не можат да ја заменат социјалната функција. Односно, најголемиот недостаток на долгиот престој со баба и дедо е недоволниот број на социјални контакти со врсниците со кои детето би играло, се натпреварувало, научило да се кара и да склучува мир… и преку социјалните вештини кои никој не може да ги надомести освен неговите врсници објаснуват педагозите.

Децата го прифаќаат моделот на однесување на нивните родители кој бил најдоминантен.

Притоа, не ги копираат толку нашите (родителски) лекции, пораки, зборови и упатства колку начинот на кој се однесуваме. Односно, ги копираат нашите дела и не ги слушаат многу нашите зборови. Оваа шема може да се види во многу примери, од тоа колку и какви пријателски односи воспоставуваме до тоа како ги славиме празниците, каков е нашиот пристап кон проблемите или како реагираме на стрес… Сето ова е модел што детето несвесно ќе повторува, или ако моделот бил крајно неповолен за детето, тогаш тој свесно ќе го промени, обидувајќи се да ги избегне грешките што ги видел во детството, од нас, неговите родители. Затоа и начинот на кој се однесуваме со родителите значително влијае на тоа како утре по тој модел ќе се однесуваат и нашите деца спрема нас– велат педагозите.

By Author