По три години повторно на клупата на Вардар ќе седне добро познатото лице од Шапанија Давид Дејвис, кој се враќа во добро позната средина.
Председателот Михајло Михајловски за порталот “24 ракомет” изјавил дека биле понуде многу опции за наследници на Вујовиќ меѓу кои и многу познати имиња, но и открива зошто го избрал токму Дејвис.
„Задоволен сум што брзо го решивме прашањето на тренер. Имавме многу понудени опции и повеќе познати тренери, и им благодарам на сите кои изразија желба да бидат дел од Вардар. Се решивме за Давид Дејвис поради фактот што тој веќе претходно беше во Скопје како дел од Вардар, познава дел од играчите и работел со нив, нема јазична бариера бидејќи зборува и македонски, и претходно работел во систем и со систем кој донел одлични резултати. Покрај работата со првиот тим, Дејвис ќе биде задолжен и за координација со младите селекции на Вардар. Со ангажирањето на Дејвис нашите цели за сезонава остануваат исти“, изјави Михајловски за “24 Ракомет“.