Страшно откритие ги потресе оние кои денеска се најдоа на плажата Рода де Бера, во Тарагона, Шпанија. Случаен минувач утрово го забележал телото на дете на околу три години, на кое му била отсечена главата, а полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот. Засега нема официјални информации за идентитетот, а она што засега се знае е дека ДНК на детето-жртво ќе се споредува со генетскиот материјал на жената чие тело пред неколку дена беше пронајдено на блиската плажа.
Имено, пред нешто повеќе од една недела, на плажата Миракл во Тарагона се појави распарчено тело на жена, а истрагата ја презеде Цивилната гарда, додека судот во Ел Вендрело отвори истрага, а судијата чека форензички и полициски извештаи.
– Засега нема информации дали овие два случаи се поврзани. Истрагата е во тек и за се ќе се знае повеќе откако ќе се направат анализите – велат локалните власти.
Истрагата сега е фокусирана на обидот да се утврди идентитетот на малолетникот, како и причината за неговата смрт, што е многу комплицирана задача, особено ако се потврди дека е донесен покрај морето, бидејќи силните морски струи можат да поместуваат тела од местото.
Една од теориите е дека несреќното дете би можело да биде мигрант, како и дека долго време било во море, а се наведува и дека не носи соодветна облека за да биде на плажа, облечено е во некои вид на тренерка и јакна.
Според полициски извори, во Каталонија нема извештаи за исчезнувања на деца на таа возраст.