Полициското свирче го означи затворањето на една од главните улици во Скопје. Во следните два дена на Илинденска одвреме навреме ќе се пуштаат автомобили. Пред самото затворање на булеварот и споредните улички, камерата на Телма забележа дека немаше поголем метеж, освен по некој пешак и по некој автомобил.
Административните службеници и училиштата работеа до точно на пладне. Владата одлучи четврток да биде неработен ден. Граѓаните сметаат дека затваоњето е оправдано.
Денеска часовите беа скратени за да можат пред да се затворат улиците да дојдат дома. Утре и учениците нема да одат на училиште, а денот нема да го одработуваат.
Поради министерскиот совет, денеска и утре со нов план на движење и јавниот градски превоз. Одреден дел на линиите ќе возат со изменета рута, другите како и вообичаено. За ова од ЈСП пратија известување уште пред два дена. Билетарите денеска работеа до 13 часот а утре ќе бидат затворени, додека пак жичницата на Водно ќе работи непрекинато од 10 до 17 часот.
Извор: Телма