Вкусните мекици се одлична идеја за појадок.

Состојки:

  • 500 мл млеко
  • 1 квасец
  • 4 јајца
  • 1 лажица сол
  • 200 мл јогурт
  • 1кг брашно тип 400 меко

Подготовка:

Со квасецот се ставаат брашното, јајцата, јогуртот, солта и млекото и се замесува тесто (како за кифлички) да не е тврдо.

Добро измешајте го и ставете го во поголема тава, која претходно сте ја намачкале со масло.

Покријте го тестото со најлонска фолија (само намачкајте ја едната страна со масло) за да не се залепи тестото за најлонот и ставете го во фрижидер. Ова готово тесто се задржува во фрижидер до 7 дена.

Кога сакате да испржите, извадете го тестото и со рацете направете мекици (со прстите развлечете ја кората што потенко).

Во тавата во која ќе ги пржите ставете малку масло, загрејте ги и пржете ги да омекнат.

Тестото што ви остана се враќа во фрижидер.

Можете да ги јадете со сирење, со слатки смокви, солено, слатко сè по вкус и желба.

By Author