Собиралиштето на обожавателите на филмот беше засенето од инцидент каков што Црвениот тепих не памети.

Канскиот филмски фестивал официјално беше отворен на 16 мај и ќе трае до сабота, 27 мај. Претходните денови на црвениот тепих продефилираа некои од најголемите ѕвезди на филмската индустрија, а синоќа немаше помалку блицови од камерите. Минатата вечер на престижната филмска манифестација беше посветена на премиерите на филмовите „Идол“ и „Зеро клуб“. Како еден од модните трендови од црвениот тепих, се истакнаа таканаречените полуфустани, бидејќи недостигаа или горниот или долниот дел. Се чини дека оваа година многу диви се натпреваруваат кој ќе се разголи повеќе, и кој ќе привлече најмногу внимание.

Шоуто сепак го „украде“ дамата која се појави на премиерата на филмот „Acide“. Таа одела по делот од тепихот наменет само за великаните на филмот од А-листата, а очигледно со боите на фустанот, жолта и сина, сакала да ја искаже својата поддршка за Украина, која се уште е во конфликт со Русија.

Во моментот кога престана да позира, а на изненадување на сите присутни, од горниот дел од фустанот извади 2 кеси полни со лажна крв и театрално ги подигна над главата.

Обезбедувањето веќе брзаше кон неа во исчекување на скандалот кој се закануваше да избие секој момент, но веќе беше доцна. Црвената течност жената ја истурила врз главата, а потоа ја намачкала по лицето, вратот и деколтето.

https://twitter.com/wownews__/status/1660550714370957312?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1660550714370957312%7Ctwgr%5E97f4a6c52fedaed1c948d4a08950361a4c51d1ba%7Ctwcon%5Es1_&ref_

Таа набрзо придружувана од обезбедувањето била тргната од црвениот тепих, но грозоморните фотографии од Кан на кои се гледа жена во боите на украинското знаме покриена со „крв“ станаа вирални ширум светот.

By Author