На 18.04.2021 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода М.К.(25) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. Исто така, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик и не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 20.00 часот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.04.2021 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за брзина. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 143 возачи (ТЕ-107 и ГВ-36) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, како и 73 возачи (ТЕ-53 и ГВ-20) кои ја пречекориле брзината во населено место. На сите пркршители изготвени им се соодветни поднесоци, а откриени биле и 20 други видови прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-8).
На 17/18.04.2021 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 120 прекршоци, од кои 24 на подрачјето на Штип, 16 Кочани, 9 Пробиштип, 20 Виница, 10 Делчево, 15 Берово и 26 Свети Николе. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 25 прекршоци за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирани возила, 6 за некористење сигурносен појас.
На 18.04.2021 во периодот од 12.00 до 18.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе регионална акциска контрола за управување на возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, констатирани се 104 прекршоци, од кои 54 возачи ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, а 50 возачи ја пречекориле брзината во населено место. За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.
Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на 18.04.2021, во периодот од 11.00 до 19.00 часот, спроведе засилени контроли во областа на сообракајот. Притоа биле констатирани 101 прекршок, од кои 85 за возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
На 18.04.2021 во периодот од 12.00 часот до 18.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 72 прекршоци, од кои 29 во Велес, 17 во Кавадарци и 26 во Неготино, кои ќе бидат соодветно санкционирани.
На 18.04.2021 во 08.30 часот во Полициската станица Центар, Н.Ч.(72) од Скопје пријавил дека на бул.„Св.Климент Охридски“ бил каснат од куче скитник.
На 18.04.2021 во 18.30 часот било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“, со косовски национални ознаки, управувано од Е.М.(24) од Тетово, удрило во пешакот И.Г.(39) од с.Блаце. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.
На 18.04.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Ц.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Востаничка“ бил каснат од куче скитник.