34 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

Денеска (23.12.2021) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 34 возачи. Од нив 10 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 24 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Приведен дилер во Гостивар, пронајден хероин

На 22.12.2021 околу 11.20 часот на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот гостиварец М.Љ., затоа што кај него бил пронајден хероин. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. 

Приведени три лица од тетовско барани со потерници

На 22.12.2021 во периодот од 13 до 16.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово, со судски наредби за издржување на затворски казни, ги привеле З.Ј.(56) од Тетово, И.А.(24) од тетовско Долно Палчиште и Ф.Џ.(53) од тетовско Боговиње. Тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казните.

Запленети над 2000 парчиња пиротехнички средства

На 22.12.2021 околу 20.40 часот во колонијална продавница во тетовско Долно Палчиште, сопственост на 58-годишниот Т.Р. од ова село, пронајдени и одземени се 1380 разни видови пиротехнички средства. Претходно, околу 18.20 часот пред угостителски објект на Градскиот плоштад во Тетово биле пронајдени 691 парчиња петарди. По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

By Author