179 санкции за возење под дејство на алкохол
Во текот на изминатата вечер (04/05.12.2021) во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 179 возачи. Од нив, 42 на територијата на СВР Скопје, 35 на територијата на СВР Битола, 29 на територија на СВР Тетово…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
68 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Охрид
Денеска (05.12.2021) од 11.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата. При контролата биле санкционирани 68 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина. Од нив, 20 на територија на Охрид, 29 на територија на Струга, 12 на територија на Кичево, а седум на територија на Дебар.
Aпелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
105 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Тетово
Денеска (05.12.2021) од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата. При контролата биле санкционирани вкупно 105 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина (ТЕ-76 и ГВ-29). Од нив 10 возачи (ТЕ-7 и ГВ-3) ја пречекориле брзината за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 26 возачи (ТЕ-19 и ГВ-7) за повеќе од 50 километри на час над дозволеното.
Aпелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Битола
Денеска (05.12.2021) во периодот од 00.30 часот до 02.00 часот, на подрачјето на Полициска станица Битола, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спровеле заедничка акциска контрола во угостителски објекти во Битола.
При контролата биле затекнати 4 лица без Ковид-сертификат и едно лице со лажен Ковид-сертификат, за што се изречени соодветни санкции. За време на контролата од страна на УЈП и ДПИ регистрирани се и други неправилности за кои, исто така, се изречени соодветни мерки.