На 16.11.2021 во периодот од 08.00 до 10.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.З.(36), И.З.(39) и М.З.(70), сите од гостиварското село Врбен, поради сомнение дека пред неколку дена одзеле различни предмети од викенд куќа во Маврово. Најголемиот број од предметите биле пронајдени кај нив и ќе му бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
 

Денеска (17.11.2021) околу 00.10 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово го лишиле од слобода 47-годишниот М.Т. од Тетово, осуден на затворска казна. По приведувањето, реализирано со судска наредба, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ за издржување на казната.


Денеска (17.11.2021) во 10.00 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги на подрачјето на Влае го лишија од слобода Р.С.(38) од Скопје.
За него била распишана Централна потерница од МВР и обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од 2 години и 6 месеци.
Р.С. бил приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Министерството за внатрешни работи известува дека на ден 18 и 19.11.2021 година (четврток и петок) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Република Полска Н.Е Анджеј Дуда.

За таа цел   МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје,  за што апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат  наредбите  кои  ќе  ги  даваат  униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

By Author