СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.К.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик. Таа се сомничи дека го уценувала Д.И.(59) од Скопје дека на социјалните мрежи ќе објави фотографии и видео материјал со компромитирачка содржина доколку не ѝ даде пари.

По преземени мерки од полициски службеници при СВР Скопје во координација со Основното јавно обвинителство Скопје Џ.К. била лишена од слобода и кај неа биле пронајдени дел од парите што ги добила од оштетениот.

На 09.11.2021 околу 10.30 часот во тетовско Доброште, полициски службеници на СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле 32-годишниот Д.И. од ова село. За него била распишана Централна и Меѓународна потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Д.И. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.
 

На 09.11.2021 во 17.30 часот на ул.„Лазар Трповски” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим – Потраги при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Д.Г.(24) од Скопје. За него била распишана Централна потерница по наредба на Основното јавно обвинителство Велес за истрага, поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Лицето било предадено во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

На 09.11.2021 околу 23.00 часот на ул.„Бањешница“ во Гостивар, полициски службеницина СВР Tетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот А.У. од гостиварска Долна Бањица, поради сомнение дека извршил кражба на неколку предмети, кои биле пронајдени кај него и одземени.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок 

By Author