Денеска (09.11.2021) во 06.10 часот во с.Ново Село, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(26) од с.Ново Село. Тој се сомничи дека во периодот од 24.02.2021 до 21.05.2021 со закана од вработени во четири обложувалници на ул.„Митрополит теодосиј Гологанов“, ул.„Орце Николов“ и ул.„Никола Тримпаре“ во Скопје одзел пари. При претрес во неговиот дом во с.Ново Село, извршен утрово со судска наредба, билe пронајдени предмети поврзани со кривичн
Денеска (09.11.2021) во СВР Скопје бил лишен од слобода Љ.Т.(52) од Скопје, бидејќи во 07.52 часот во непосредна близина на општина Бутел, со остар предмет го повредил неговиот брат А.Т.(53) од Скопје, вработен во општината, кој бил пренесен во Ургентен центар Скопје за укажување на лекарска помош. По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (09.11.2021) во 11.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Никола Карев“, сопственост на К.Н.(60) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
ите дела. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.