На 18.06.2021 СВР Велес спроведе акциска контрола во областа на сообраќајот за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што се изречени вкупно 52 мерки, од кои 43 по акциската контрола и 9 за останати прекршоци. Меѓу нив, 16 за управување без возачка дозвола, 23 за управување без заштитен шлем, а 21 мотоциклист биле исклучени од сообраќај.
На 18.06.2021 во 11.05 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Р-1101 Битола-Ресен, во близина на с.Братиндол, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, управувано од П.М.(31) од с.Ротино, битолско и товарно возило „дфм“, управувано од П.М.(71) од с.Облаково, битолско, двете со битолски регистарски ознаки. По незгодата двајцата возачи се пренесени во Клиничка болница Битола, каде кај П.М.(71) биле констатирани тешки телесни повреди, а кај П.М.(31) телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.
На 18.06.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 627 возачи. Од нив, 135 возила се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР –Штип-89, потоа на територија на СВР Охрид-85, на територија на СВР Тетово -74…
На 18.06.2021 СВР Штип спроведе акциска контрола во областа на сообраќајот за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, при што се изречени 41 мерка, меѓу кои 3 за управување без возачка дозвола, 1 за управување под дејство на алкохол, 17 за управување без заштитен шлем и 20 останати прекршоци.
Во текот на изминатото деноноќие (18/19.06.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 133 прекршоци.
На 18.08.2021 во 21.40 часот во СВР Тетово, Д.Ѓ.(41) од Тетово пријавил дека на ул.„Маршал Тито“ во Тетово неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.