На 11.06.2021 во 14.30 часот полициски службеници од СВР Скопје кај клучка Кадино го лишиле од слобода Н.С.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.06.2021 во 08.10 часот на автопатот Куманово – Табановце, кај место викано „Костурник“, полициски службеници го лишиле од слобода Љ.М.(44) од Скопје, затоа што при преглед во товарно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 мигранти од Бангладеш, од кои 9 биле малолетни лица. По наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени на социјален работник од Министерството за труд и социјална политика, а Љ.М. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.06.2021 во 21.10 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, при влез во Република Северна Македонија, бил лишен од слобода Р.Е.(25) од Р.Албанија, бидејќи по извршени гранични проверки било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“, на барање на Интерпол. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
На 11.06.2021 во 12.10 часот во Полициската станица Аеродром Г.Д.(41) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник.
На 11.06.2021 во 16.30 чaсот било пријавено дека во Скопје на ул.„Јужен булевар“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“, управуван од М.Н.(52) од Велес и патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К. од с.Инџиково, скопско. Во незгодата сопатничката од мотоциклот Ј.Н.(52) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
На 12.06.2021 од 00.00 часот до 04.00 часот било констатирано дека 47 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (11/12.06.2021) на територијата на Република Северна Македонија за мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 825 прекршоци.
На 11.06.2021 во 19.10 часот во Полициската станица Карпош Р.С.(61) од Скопје пријавила дека на ул.„Бледски договор“ била касната од куче скитник.
На 11.06.2021 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење побрзо од дозволеното 58 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, шест за управување под дејство на алкохол, 10 санкции за користење мобилен телефон, 21 санкциониран мотоциклист, шест казни за нерегистрирани возила, 53 за непрописно паркирање.