Во текот на вчерашниот ден (05.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 778 возачи. Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 151, а потоа на територија на СВР Скопје – 145, на територија на СВР Куманово – 123…
На 05.06.2021 во 17.00 часот во скопската населба Карпош полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје запленија синтетичка дрога амфетамин и марихуана. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во дом на Д.Б. (38), кој издржувал мерка куќен притвор, и при тоа е пронајдена синтетичка дрога амфетамин и марихуана. Д.Б. е приведен во ПС Карпош, а по насока од јавен обвинител и судија од Основен кривичен суд е спроведен во Истражен затвор Скопје, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 од КЗ и за новото кривично дело.
На 05.06.2021 во 19.30 часот на Плоштад „Маршал Тито“ во Куманово, полициски службеници од СРВ Куманово ги лишиле од слобода А.А.(32) од Велес, С.Ј.(28) од Скопје и Т.И.(56) од Куманово затоа што при преглед кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.06.2021 во 01.00 часот на патот Кавадарци-Мотел Дреново, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.К.(36) и Н.А.(34), двајцата од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.06.2021 во 18.30 часот на подрачје на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(20) од Скопје поради сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Кај него бил пронајден електричен тротинет, кој претходно тој го украл. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 276 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 38 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 10 за управување под дејство на алкохол. Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири прекршоци што ги чинат пешаците, 45 санкции за непрописно паркирање.
На 05.06.2021 во 17.59 во СВР Битола било пријавено дека на патот с.Бучин – с.Вашарејца, во близина на крстосницата со патот Битола-Прилеп. А.Б.(32) с.Горно Оризари, велешко, управувајќи патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила А.В., додека со телесни повреди се здобила И.М.(58) од с.Горно Оризари, констатирани во болницата во Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.
Во текот на вчерашниот ден (05.06.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 38 возачи. Од нив, 14 возеле без возачка дозвола, 22 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а санкционирани се и други прекршоци.
На 05.06.2021 во 15.55 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.,,Карпалак“ во Прилеп, М.К.(38) од с.Куклиш, струмичко, управувајќи патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата, сопатникот В.М.(31) од с.Куклиш се здобил со тешки телссни повреди, а сопатникот С.Џ.(45) од Прилеп се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
Од 00.00 часот до 04.00 часот (06.06.2021) констатирано е дека 54 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (05/06.06.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 98 прекршоци.
На 05.06.2021 во 10,30 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Ј.В.(35) од Република Србија и Б.Ј.Л.(29).од Република Албанија затоа што се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 05.06.2021 во 13.50 часот на ул.„Дебарца“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода А.Р.(20) од Прилеп затоа што претходно во маркет во нас. Тризла се обидел да пушти во промет фалсификувана банкнота од 200 евра. При преглед кај него била пронајдена и одземена банкнотата. По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.06.2021 во 14.05 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен З.В.(59) од Скопје. ПО преземени мерки било утврдено дека З.В. се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика во Скопје. Увид бил извршен , а за настанот бил известен Државниот трудов инспекторат.
На 05.06.2021 во 23.20 часот на Кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.З.(49) од Битола затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска стани и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.06.2021 во 23.45 часот во СВР Скопје, Ф.К.(32) од Скопје пријавил дека околу 23.40 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.06.2021 во 15.00 часот во Полициската станица Аеродром, 32-годишен маж од Куманово пријавил дека околу 10.00 часот во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга И.К.(33) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
Денеска (06.06.2021) во 03.49 часот, по претходна пријава и врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар извршиле контрола во домот во кој престојува В.М.(24) од Скопје. При контролата, освен В.Г., биле затекнати уште 13 лица (три полнолетни и 10 малолетници на возраст од 16 и 17 години) и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 05.06.2021 во 22.15 часот во СВР Скопје, З.И.(49) од Скопје пријавил дека околу 21.40 часот во двор на сендвичара на ул.„Есперанто“ бил физички нападнат од С.Е.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.06.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Прилеп, Х.К.(20) од Кавадарци пријавил дека во угостителски објект во с.Радобил, прилепско, тој и С.Ѓ. биле физички нападнати од В.С. и А.Ч., двајцата од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.06.2021 во 09.40 час во СВР Куманово, Г.У.(44) од с.Сопот, кумановско, пријавил дека на 05.06.2021 околу 21.30 во село Сопот, тој и неговите синови М.У. и А.У., поради нарушени меѓусоседски односи, биле физички нападнати од П.Х., Х.Х., Г.Б. и М.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.06.2021 во 15.45 часот во Полициска станица Кисела Вода, Б.А.(39) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината сестра А.В.(34). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 05.06.2021 во 22.30 часот во СВР Тетово, И.Е.(57) од Тетово пријавил дека околу 20.00 часот во Тетово бил физички нападнат од две лица, кои притоа употребиле и дрвени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.06.2021 во 13.30 часот во ОВР Кавадарци, Д.Т.(27) од Кавадарци пријавила дека околу 12.30 часот на ул.„Владимир Назор“ во Кавадарци нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.