На 04.06.2021 во 21.55 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(30) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.06) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на Чаир изречени се вкупно 81 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, шест за управување под дејство на алкохол, три за недавање првенство на минување на пешаци. Изречени се и 14 санкции за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, две за возач почетник.
На 04.06.2021, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Кратово извршиле претрес во домот на Б.Ч.(56) од Кратово. При претресот, во собата што ја користи неговиот син С.Ч. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.06.2021 во 18.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ј.К.(39) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на вчерашниот ден (04.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 685 возачи. Од нив, 103 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово – 118, а потоа на територија на СВР Скопје – 102, на територија на СВР Тетово – 92…
На 04.06.2021 во 21.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Владевци, струмичко, во близина на крстосница со патот кој води за с.Сушево, струмичко, мотоцикл „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(50) од Радовиш, удрил во пешакот К.Ѓ.(70) од с.Милетино, општина Брвеница – Тетово. Притоа, пешакот починал на местото, а смрт констатирала екипа од Медицинскиот центар Струмица. Мотоциклистот се здобил со повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
Од 00.00 часот до 04.00 часот (05.06.2021) констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (04/05.06.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 104 прекршоци.
На 04.06.2021 во 11.15 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп, патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.О.(41) од Прилеп, удрило во Е.Б.(80) од Прилеп. По незгодата, Е.Б. била пренесена во Градската болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Прилеп.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 328 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 26 за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за управување под дејство на алкохол. Изречени се 26 санкции за користење мобилен телефон, 15 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 11 за некористење сигурносен појас, шест прекршоци што ги чинат пешаците, пет за возач почетник, 70 санкции за непрописно паркирање.
На 04.06.2021 околу 08.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат за с.Табановце, кумановско, Е.Ј.(26) од с.Табановце, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот. Во незгодата Е.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.
На 04.06.2021 во 10.40 часот во ОВР Прилеп, А.С.(29) од Прилеп пријавила дека на ул.,,Бистра Планина“ нејзинот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 04.06.2021 во 12.40 часот во СВР Струмица, Т.В.(32) од Струмица пријавила дека на ул.„Тоше Проески“ во Струмица била нападната од повеќе кучиња скитници и при обид да побегне паднала и се здобила со повреди.