На 14.04.2021, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода А.В.(26) од Кочани и 15 – годишник, затоа што во 11.30 часот биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во обид од плац на ул.„Македонска“ во Кочани. По комплетирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 14.04.2021 во 13.40 часот во Градски парк на подрачје на Центар, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17 – годишник од Скопје, кај кого при извршен преглед бил пронајден нож на расклопување. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.04.2021 во 11.00 часот на ул.„Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ.(36) од Охрид, затоа што при преглед кај него бил пронајден нож. Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.04.2021 Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Д.Д.(29), Н.С.(55), М.В.(31), С.С.(27), С.Д.(46), Р.Р.(31) и М.П.(34) сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство врз дете“ предвидено по член 201-а од Кривичниот законик. Настанот се случил на 11.04.2021 околу 19.50 часот, во дворот од куќата на Н.С. во Кочани, каде пријавените физички нападнале дете. За случајот бил известен Центарот за социјална работа Кочани, по што детето било предадено во Центарот за социјални работи Скопје.
На 14.04.2021 во периодот од 12 до 17.00 часот на подрачјето на СВР Охрид биле спроведени засилени акциски контроли во сообраќајот. Притоа, полициските службеници регистрирале 41 прекршок (Охрид-22, Струга-04, Кичево-08, Дебар-07). Евидентирани се 08 возачи кои бесправно управувале моторни возила (Охрид-01, Струга-02, Кичево-05). За сите констатирани прекршоци на возачите им се изречени соодветни санкции.
СВР Охрид до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.А.(30) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во неговиот дом, извршен на 09.04.2021, полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, пронајдоа и одзедоа 11 најлонски пакувања со кокаин. Од страна на судија на претходна постапка на М.А. му е одредена мерка притвор.
На 14.04.2021 во 14.30 часот во Полициското одделение Матејче, Х.И. од с.Ваксинце, општина Липково, пријавил дека во близина на поштата во с.Ваксинце бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи мигранти, при што биле употребени остар и тврд предмет. М.А.(18) и М.А.(22), двајцата од Пакистан биле пренесени во болницата во Куманово каде им биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.04.2021 во 18.05 часот во СВР Скопје, О.П.(30) од Скопје, кој управувал патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, пријавил дека во 13.40 часот, на крстосница на подрачјето на Центар, бил физички нападнат со метален предмет од А.К., кој бил заедно со уште едно лице кое управувало патничко возило „фиат“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(31) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори’’, „овозможување на употреба на наркотични дроги’’ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие’’. На 12.04.2021 околу 23.00 часот во с.Порој, полициски службеници го сопреле возилото „хамер“, кое го управувал пријавениот, кој откако излегол од возилото почнал агресивно да се однесува кон нив. По извршениот преглед во возилото биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и две дигитални ваги. Тој бил лишен од слобода, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор.
На 14.04.2021 во СВР Скопје, А.Д.(25) од Скопје, која управувала патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки пријавила дека околу 14.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, била пресретната од патничко возило „опела астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.. Според пријавеното, А.А. се однесувал агресивно и со метален предмет го оштетил нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава Љ.Н.(61) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во текот на 2020 година, во својство на инвеститор, на подрачјето на општина Теарце, поточно во с.Лешок, на негова катастарска парцела изградил објект без соодветна документација издадена од надлежен орган.
На 14.04.2021 во 20.10 часот во СВР Скопје, Ј.Б.(20) од Скопје пријавил дека околу 16.45 часот пред бензинска пумпа на подрачја на Аеродром бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.04.2021 во 18.40 часот во СВР Скопје, Н.И.(36) од с.Копаница пријавил дека околу 15.20 часот во Трговски центар на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Д.Д. и О.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против А.А.(31) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 13.04.2021 на автопатот Скопје – Велес, на наплатна рампа Сопот, било сопрено патничко возило „ауди Q7“ во кое пријавениот бил сопатник и при преглед кај него бил пронајден и одземен кокаин.
На 14.03.2021 во 20.00 часот во СВР Скопје, О.З.(46) од Скопје, кој управувал патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, пријавил дека околу 15.30 часот, на паркинг простор во близина на Бит Пазар, по претходна расправија, неколку лица се однесувале агресивно и му го оштетиле возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.04.20321 во 15.00 часот во Полициската станица Центар, од Јавната установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје било пријавено дека од установата се оддалечила штитеничката Љ.Д.(17) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Штип, СВР Охрид и СВР Велес поднесоа кривични пријави против Н.К.(67) од Свети Николе, П.Д.(26) и Е.С.(20) од Пробиштип, Ј.К.(31) од Р.Албанија, Г.Г.(33) од Охрид и П.Л.(34) од Кавадарци за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 27.03. до 13.04.2021, без дозвола за движење, се движеле за време на забрана за движење на возила и лица во периодот од 20.00 до 05.00 часот.