На 28.05.2021 во 21.15 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од СВР Скопје била лишена од слобода Г.К.(29) од Скопје, бидејќи при преглед кај неа била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.05.2021 во 19.00 часот на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар во близина на с.Свињиште од полициски службеници од Полициска станица Кичево биле лишени од слобода возачот А.М.(40) и Д.Б.(27) двајцата од Битола, кои се превезувале во патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, бидејќи при преглед во возилото била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (28.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 504 возачи. Од нив, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово -78, а потоа на територија на СВР Штип-75.

На 28.05.2021 во 15.30 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај биле лишени од слобода возачот М.М.(26), Ф.А.(31), двајцата од Скопје, А.С.(25) од Пехчево и А.С.(25) од Неготино, кои се превезувале во патничко моторно возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, бидејќи при преглед во возилото била пронајдена марихуана. Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Карпош и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.05.2021 во 15,30 часот на регионалениот пат Тетово-Јажинце во с.Теарце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди А3“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(61) од с.Глоѓи и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.З.(47) од Тетово во кое биле и тројца сопатници. По незгодата сите учесници биле пренесени во Клиничка Болница-Тетово, каде на сопатникот од патничкото моторно возило „голф“, Ќ.Б.(45) од с.Џепиште му била констатирана тешка телесна повреда додека на останатите им биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

На 28.05.2021 во 23.25 часот на  ул. Kемал Сејфула во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „априлија РС-125“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(20) од Скопје и патничко моторно возило „ауди А-6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(36) од Скопје. По незгодата А.К. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 28.05.2021 на територија на скопската населба Чаир полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција– Сектор за недозволена трговија со дрога запреле патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблички, управувано од Е.М. (32) од Скопје, кај кого е пронајдена синтетичка дрога амфетамин. Е.М. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, седум за возење без возачка дозвола, два прекршока што ги чинат возачите на мотоцикли.Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 51 санкција за непрописно паркирање, две санкции за минување на црвено светло, четири санкции за некористење сигурносен појас. 

На 28.05.2021 во 19.10 часот на бул.Александар Македонски во Радовиш од полициски службеници е лишен од слобода К.Ј.(28) од Радовиш, кој управувал патничко моторно возило „фолксваген бора“ со радовишки регистарски ознаки, бидејќи при претрес кај него и во возилото биле пронајдени прашкаста материја и таблета. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.05.2021 во 16.45 часот во Полициска станица Струга, С.С.Ц.(34) од Струга пријавила дека на ул. Борис Кидрич во Струга била касната од куче скитник.

На 28.05.2021 во 15,30 часот во Полициска станица Кичево, А.К.(20) од Кичево пријавила дека на бул. Ослободување во Кичево била касната од куче скитник.

На 28.05.2021 во 13,55 часот на локалниот пат Зрновци – Лески околу 11,00 часот, трактор „имт-540“ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(68) од с.Зрновци излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди  се здобила сопатничката Ј.Т.(63) од с.Зрновци на која и е укажана лекарска помош во Јавна здравствена установа-Кочани. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.

By Admin