На 23.05.2021 во 13.30 часот во с.Кадрифаково, светиниколско од полициски службеници од ПС за БПС Штип биле лишени од слобода М.Ф.(27), Ф.Р.(40) и Љ.И.(25), сите од Скопје, бидејќи при извршен преглед над нив и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во кое се превезувале, биле пронајдени 60 грама хероин, како и марихуана. Против лицата е поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, а 11 за возење без возачка дозвола. Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон и 15 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
На 23.05.2021 околу 08,13 часот на регионалниот пат Р-1312, Велес-с.Извор во билизина на место викано „Врановски анови“, патничко моторно возило „алфа ромео“ со бугарска национална ознака, управувано од Л.Т.(57) од Свети Николе удрило во Р.Н.(72) од с.Долно Врановци. По незгодата Р.Н. била пренесена во Општата Болница-Велес каде и биле константирани тешки телсени повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
Во текот на вчерашниот ден (23.05.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 90 возачи. Од нив, 42 возачи не користеле заштитна кацига, 26 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
На 23.05.2021 околу 17,00 часот во Штип, на ул.„Суитлак“, мопед „баотиан“ со штипски регистарски ознаки управуван од Д.К.(19) од Штип изгубил контрола и излетал од коловозот. На Д.К. во Клиничката болница-Штип му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Штип.
На 23.05.2021 во 09.40 часот во СВР Скопје, Т.Д.(31) од Скопје пријавил дека на бул.Гоце Делчев бил каснат од куче скитник.
На 23.05.2021 на регионалниот пат Р-1305 во близина на с.Белче на место викано „Белечки кривини“, патничко моторно возило „опел“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(33) од с. Мренога, демирхисарско излетало од коловозот. По незгодата на Н.П. во Клиничка болница Битола му биле констатирани тешки телесени повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициско Одделение Демир Хисар.