На 22.05.2021 во Гостивар полициски службеници од Полициска станица Гостивар ja лишиле од слобода Г.Б.(27) од Гостивар поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по чл.215 од Кривичниот Законик.По извршен претрес од полициските службеници во 21.45, а по претходно издадена судска наредба од Основен суд Гостивар во нејзиниот дом во Гостивар била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во текот на вчерашнот ден (22.05.) на подрачјето на СВР Охрид спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 90 возачи. Од нив 18 на територија на Охрид, 42 на територија на Струга, 12 на територија на Кичево, а 18 на територија на Дебар.
На 22.05.2021 околу 16.15 часот на регионален пат Куманово-Липково се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фоксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с.Липково,кумановско и патничко моторно возило „фоксваген венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од с.Лопате,кумановско и сопатничка Љ.К.(32) од с.Лопате. Во незгодата, со тешки телсени повреди се здобила Љ.К., а со повреди се здобил А.А. на кои им била укажана лекарска помош во Медицински центар Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, четири прекршока што ги чинат возачите на мотоцикли.Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 33 санкции за непрописно паркирање, три санкции за минување на црвено светло.
На 22.05.2021 во 22,00 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници бил приведен Б.Б.(33) од Р.Косово бидејќи при пасошката контрола се послужил со фалсификувана патна исправа. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово, за понатамошна постапка.
На 22.05.2021 околу 15.30 часот во Штип на ул.„Сремски фронт“, С.М.(57) од Штип кој управувал мопед „APN-6“ со штипски регистарски ознаки изгубил контрола над мопедот, и паднал на коловозот. По незгодата на С.М. во Клиничката болница Штип му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.
На 22.05.2021 околу 19.30 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил приведен Е.З.(30) од Р.Албанија, постапувајќи по претходно пријавен физички напад и непријавен престој во Република Северна Македонија. Од страна на Основен суд Тетово со пресуда на лицето му е изречена прекршочна санкција и санкција протерување на странец со забрана за влез во времетраење од две години.
На 22.05.2021 во 22.30 часот во Скопје на ул.„Лазар Трповски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Е.(36) од Скопје и мопед „жен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.А.Џ.(23) од Скопје. Во незгодата, В.А.Џ. се здобил со тешки телесни повреди и му е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
На 22.05.2021 во 16.40 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“ од полициски службеници бил лишен од слобода Г.Е.(21) од Р.Грција поради постоење основано сомнение дека приложил фалсификуван личен документ. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции-Скопје за понатамошна постапка.
На 22.05.2021 во 23.30 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници е приведена M.Х.(42) од БиХ бидејќи по извршената проверка констатирано е дека истата незаконски и непријавено престојувала во Република Северна Македонија. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово, за понатамошна постапка.
На 22.05.2021 во 17.10 часот во Прилеп на ул.„Беровска“, патничко моторно возило „лада рива“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од О.У.(23) од Прилеп удрило во малолетник-пешак од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот на кој му е укажана лекарска помош во Општата болница-Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.