На 14.04.2021 во 14.00 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(33) од Скопје, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.04.2021 на подрачјето на СВР Битола биле извршени засилени контролни активности на патниот сообраќај, при што биле откриени и санкционирани 21 возач кои ја пречекориле дозволената брзина, 16 возачи кои не поседувале возачка дозвола, шест возачи кои зборувале на мобилен телефон, тројца кои не користеле сигурносен појас…. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

На 14.04.2021 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за прекршоци кои ги прават пешаците во сообраќајот. За време на контролата биле констатирани 23 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани. При контролата биле констатирани и 30 прекршоци за пречекорување на брзината, 1 за некористење сигурносен појас, 4 за користење мобилен телефон и 4 за непрописно паркирање. И за овие прекршоци биле поднесени соодветни поднесоци.

На 14.04.2021 околу 13.00 часот во Полициската станица Карпош, А.М.(33) од Скопје пријавил дека на бул.„Партизански одреди“ бил каснат од куче скитник.

На 14.04.2021 во 14.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, В.Т.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Пекљане“ била касната од куче сопственост на В.П. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

By Author