На 21.05.2021 во 10.50 часот на Граничен премин „Ќафасан“ од полициски службеници е лишен од слобода Е.Р.(32) од Р.Албанија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека истиот евидира на стоп-листа со мерка „апси“ издадена од Интерпол Скопје. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Струга за понатамошна постапка.

На 21.05.2021 околу 13.00 часот во СВР Скопје, К.Ѓ.(29) од Неготино пријавил дека на ул.Петар Манџуков бил каснат од куче скитник.

На 22.05.2021 во 07.30 ч од страна на полициски службеници од ПС-Тетово се приведени Х.Ф. од Тетово, кој се барал со потерница за издржување на казна затвор во траење од една ипол година и Л.Б. од Тетово, кој се барал исто така за издржување на затворска казна. Лицата се предадени во КПУ-Затвор Тетово.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, а 10 за возење без возачка дозвола.Изречени се 14 санкции за користење мобилен телефон, 64 санкции за непрописно паркирање, три санкции за минување на црвено светло, шест санкции за некористење сигурносен појас. 

На 21.05.2021 во 10.25 часот пред банка на бул.Туристичка во Охрид, патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(39) од Охрид удрило во Н.К.(45) од с.Велгошти,охридско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.К. која е пренесена во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

На 21.05.2021 полициски службеници од СВР Битола, во с.Мусинци,битолско ги лишиле од слобода В.А.(21), Г.А.(28) и В.А.(26), бидејќи по претходно издадена судска наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Битола бил извршен претрес во нивниот дом и биле пронајдени стебла со канабис и околу 1000 семки од канабис. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

На 21.05.2021 во 22.20 часот во ОВР Прилеп, Н.Ќ.(30) од Прилеп пријавила дека на ул. Дабничка во Прилеп била касната од куче скитник.

На 21.05.2021 полициски службеници од Единица за недозволена трговија при СВР Скопје, на подрачје на Карпош го лишиле од слобода Н.С.(39) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.Полициските службеници, постапувајќи по претходно издадена судска наредба од Основен суд Скопје 1 при претрес во домот на пријавениот пронашле саксии со канабис и импровизирана просторија за одгледување на канабис. По документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот Закон.

На  21.05.2021 околу 20,45 часот во Скопје пред хотел на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Кеј 13-ти Ноември“, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(30) од Скопје, удрило во Е.Б.(49) од Скопје. По незгодата Е.Б. била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 21.05.2021 во 09.20 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници е приведен Д.Е.(19) од Р.Косово, поради тоа што по извршени проверки било констатирано дека имал нерегулиран престој во Република Северна Македонија. Лицето е задржано и предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и редамисија за понатамошна постапка.

By Admin