на 16.05.2021 во 02.00 часот, полициски службеници од свр скопје на подрачје на бит пазар го лишиле од слобода т.а.(20) од скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 215 и член 206 од кривичниот законик.

На 15.05.2021 во 12.45 часот на граничен премин „табановце“ од слобода бил лишен ф.к.(39) од охрид, затоа се наоѓал на стоп-листа за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 300 став 2, а во врска со член 297 од кривичниот законик. лицето било предадено во свр куманово, по што било спроведено во казнено-поправната установа затвор струга за издржување на казната.

На 15.05.2021 во 13.20 часот на граничен премин „долно блаце“ од слобода бил лишен б.ј.(28) од с.сарај, скопско, затоа што се наоѓал на листата со мерка „апси“ по барање од евр карпош. во 14.30 часот лицето било предадено на полициски службеници од полициската станица карпош за понатамошна постапка.

На 15.05.2021 на подрачјето на скопје спроведена е засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, во која се изречени вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, пет за возење без возачка дозвола, осум прекршоци што ги чинат пешаците, пет санкции за користење мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 51 санкција за непрописно паркирање.

На 15.05.2021 во 14.50 часот во свр скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„александар македонски“, ул.„интернационални бригади“ и ул.„16. македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес бенз“, со скопски регистарски ознаки, управувано од с.н.(67) од с.теранци, кочанско, и патничко возило „даихатсу сирион“, со скопски регистарски ознаки, управувано од т.д.(77) од скопје. во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „мајка тереза“, се здобиле сопатничките од патничкото возило, ј.д.(27) од кавадарци и м.д.(27) од куманово. со телесни повреди, констатирани во градската општа болница „св. наум охридски“, се здобиле возачот т.д. и сопатничката од патничкото возило с.т.(27) од кавадарци. увид на местото извршила екипа од свр скопје.

На 15.05.2021 на подрачјето на свр тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната,при што санкционирани се 117 возачи. од нив 39 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле дури со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 15.05.2021 околу 17.30 часот во свр велес било пријавено дека на регионалниот пат велес-с.извор се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од а.м.(31) од велес и товарно возило „мерцедес“, без регистарски ознаки, управувано од р.к.(60) од с.баница, струмичко. во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот а.м. и малолетна сопатничка од с.горно оризари во патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле а.д.(38), н.д.(38), с.к.(30) и малолетен сопатник, сите од с.горно оризари, сопатници во патничкото возило, констатирани во општата болница велес. увид на местото извршила увидна екипа на свр велес.

На 15.05.2021 во 18.20часот во полициската станица ѓорче петров, з.н.(59) од скопје пријавил дека бил каснат од куче домашен миленик, кое без надзор од сопственикот влегло во неговиот двор. по целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.05.2021 во 17.10 часот во свр штип било пријавено дека на регионалниот пат с.смојмирово-виничка крстосница, кај место викано „горна осојница“, д.ф.(39) од кочани, управувајќи патничко возило „форд фокус“, со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. во незгодата со тешки телесни повреди се здобил д.ф., констатирани во медицински центар штип. увид на местото извршила увидна екипа на овр виница.

На 15.05.2021 во свр тетово, с.с.(37) од тетово пријавил дека на ул.„илинденска“ во тетово бил каснат од куче скитник.

На 15.05.2021 во 16.00 часот, полициски службеници од свр скопје го лишиле од слобода н.д.(45) од с.грчец, општина сарај, затоа што околу 12.30 часот на патот од с.грчец кон с.сарај го пресретнал а.а.(20) од с.крушопек, скопско и со физичка сила и со закана му го одзел возилото „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки. според пријавеното од страна на а.а,, причина бил нерасчистени должничко-доверителски односи помеѓу неговиот татко и н.д.. возилото било пронајдено, а н.д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.05.2021 во 09.15 часот на место викано „трпеј кошари“, атар на с.лактиње, општина дебрца, полициски службеници извршиле контрола, при што ги затекнале ј.п.(56), ц.к.(56), з.п.(31) и в.и.(20), сите од демир хисар, како вршат утовар на огревно дрво без документи на товарно возило „мерцедес“, сопственост на ј.п.. на местото бил затекнат и шумочуварот к.д.(53) од с.лактиње, кој со чекан за жигосување ги обележал дрвата. исто така, при преглед на теренот била пронајдена и поголема количина исечено огревно дрво. камионот натоварен со дрва и чеканот за жигосување биле одземени, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.05.2021 во 15.10 часот во свр скопје, е.р.(20) од с.чајлане, скопско, пријави дека околу 11.30 часот во с.глумово, скопско, бил физички нападнат од и.ј., а.и. и ф.и.. се преземаат мерки за расчистување на случајот. свр охрид поднесе кривична пријава против а.м.(32) од охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 22.11.2019 на ул.„св.климент охридски“ во охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, хашиш и кокаин.

На 15.05.2021 во 23.00 часот во свр скопје, х.д.(30) од скопје пријави дека околу 21.00 часот на ул.„кемал сејфула“ бил физички нападнат од две лица. се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.05.2021 на граничен премин „табановце“ на влез во рсм, била пронајдена н.с.(43) од с.бучин, крушевско, за која на 06.05.2021 нејзиниот син в.с.(25) пријавил дека се оддалечила од домот. свр велес поднесе кривична пријава против г.ц.(34) и о.н.(35), двајцата од битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 09.05.2021 на патарината „сопот“, полициски службеници извршиле преглед на возило „фолксваген голф“, во кое се превезувале пријавените, при што пронашле и одзеле хероин и мешавина од кофеин и парацетамол.

На 10.05.2021 тие биле спроведени до казнено-поправната установа затвор скопје. на 15.05.2021 во 10.15 часот во свр скопје, од итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„македонија“ било пронајдено починато машко лице. полициски службеници констатирале дека починатиот е б.к., кој повремено го посетувал пунктот за бездомници на црвен крст. по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

На 15.05.2021 во 17.59 часот во полициската станица гази баба, н.м.(35) од нас.гоце делчев, скопје, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга к.м.к.(27) од с.трубарево, скопско. се преземаат мерки пронаоѓање на лицето.

На 15.05.2021 околу 19.45 часот во свр скопје било пријавено дека на железничка станица скопје настанал пожар во локомотива која го влечела патничкиот воз, кој сообраќал на релација гевгелија-скопје. од екипа на бригадата за противпожарна заштита скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. увид извршила екипа од свр скопје.

На 15.05.2021 во 07.15 во свр тетово било пријавено дека на работно место во фирма во гостивар бил пронајден починат ј.г.(58) од гостивар. екипа на итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. свр тетово поднесе кривична пријава против м.м.(42) од тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. пријавената и покрај тоа што ѝ било издадено решение од страна на државен санитарен и здравствен инспекторат од 05.04.2021, не ги почитувала мерките на изолација и на 12.04.2020 го напуштила местото на изолација, со што постапила спротивно на прописите или наредбите кои се определуваат за време на епидемија или некоја заразна болест.

На 15.05.2021 во 10.47 часот во полициската станица чаир, з.п.(53) од скопје пријавил дека на неговото патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, забележал оштетување на предната хауба, најверојатно од залутано зрно. според пријавеното, тој не знаел на која локација се случило оштетувањето. се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.05.2021 околу 18.50 часот во свр битола било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„филип втори македонски“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.05.2021 околу 23.50 часот во свр скопје било пријавено дека во с.волково, скопско, настанал пожар во патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на к.к.(36) од с.волково. пожарот бил изгаснат од екипа на бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. увид извршила екипа од свр скопје.

By Author