На 14.05.2021 во 23.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Д.Е.(20) од Прилеп, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.05.2021 во 21.45 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.Х.(28) од Германија, со престој во Кичево, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.05.2021 во 16.10 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Н.Ј.(42) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и неколку предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.05.2021 во 09.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром – Скопје“, поради постоење основи на сомнение дека приложил фалсификуван негативен ПЦР тест, од слобода бил лишен и задржан Г.И.(56) од РепубликаТурција. Тој бил предаден на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал и миграции за понатамошна постапка.
На 15.05.2021 во 01.00 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека Г.С.(31) и К.А.(32), двајцата од Косово, приложиле патни исправи на други лица. Тие биле приведени и задржани во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.
На 14.05. на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 60 возачи, од кои 33 на тетовското и 27 на поширокото гостиварско подрачје.
На 14.05.2021 во 08.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, В.А.(35) од Тетово, управувајќи патничко возило „рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.К.(73) од Тетово. Повредениот пешак бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнал на повредите. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 14.05.2021 на подрачјето на СВР Скопје продолжија засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што се изречени вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, пет за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, девет санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 48 санкции за непрописно паркирање.
На 14.05.2021 во 07.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „Евобус“, со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Б.(56) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(58) од Скопје во која бил удрен пешакот В.Т.(23) од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
На 14.05.2021 во 17.10 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.П.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Рударска“ бил каснат од куче скитник.
На 14.05.2021 во 19.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“патничко возило удрило во пешакот М.Ч.(56) од Скопје и го напуштило местото на незгодата. М.Ч. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.05.2021 во 11.20 часот во Полициската станица Кичево, И.С.(32) од Кичево пријавил дека на улица „4 Јули“ во Кичево бил каснат од куче скитник.