На 10.05.2021 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 55 мерки, меѓу кои 22 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 9 за управување возило без возачка дозвола, 4 за технички неисправно возило, 2 за нерегистриранио возило, 8 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон, 6 за непрописно паркирање и 2 за непрописно престигнување.
На 10.05.2021 во 13.15 часот било пријавено дека на автопатот Неготино-Демир Капија, патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од С.Ѓ.(39) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во незгодата С.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на Полициската станица Неготино.
На 10.05.2021 во 13.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Виница-Берово, кај с.Смојмирово, патничко возило „шкода фабија“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(50) од Делчево, излетало надвор од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.Д.(53) од Делчево, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Берово.
На 10.05.2021 на подрачјето на СВР Скопје продолжија засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни во јавен превоз, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 28 санкции за непрописно паркирани возила.
На 10.05.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром Д.И.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„23 Октомври“ неговиот син бил каснат од куче скитник.
На 10.05.2021 во 21.00 часот во Полициската станица Аеродром А.Ш.(43) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.
На 10.05.2021 во 14.00 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Беласица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хjундаи“, управувано од М.А.(52) од Скопје и мотоцикл „КТМ“, управувано од М.К.(24) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Аџибадем Систина“. Со телесни повреди се здобила М.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
На 10.05.2021 во 13.30 часот било пријавено дека во Крива Паланка, на крстосница од ул.„Св.Јоаким Осоговски“ и ул.„Гоце Делчев“, патничко возило „сеат алхамбра“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) удрило во пешакот Р.С.(71), и двајцата од Крива Паланка. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.
На 10.05.2021 во 19.50 часот било пријавено дека на локален пат с.Брњарце-с.Стајковци, мопед „баотиан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Стајковци, скопско, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата со повреди се здобил возачот на кого му е укажана лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од с.Стајковци, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.