На 07.05.2021 во 18.00 часот во Тетово, на ул.„Благоја Тоска“, од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода Г.С.(34) и Џ.И.(26) двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривичното дело. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 07.05.2021 во 13.00 часот на ул.„Вамбел“ од полициски службеници од Полициската станица Гази Баба бил лишен од слобода Д.Џ.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека околу 12.40 часот со закана кон вработената одзел повеќе производи од продажен објект. Тој биле приведен, а украдените производи биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 07.05.2021 во 08.45 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на влез во Република Северна Македонија, при извршена контрола на У.М.Н.(28) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „даф“ и полуприколка со турски национални ознаки, било констатирано дека за полуприколката поседувал фалсификувана зелена карта. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 07.05.2021 во 12.50 часот во с.Градец од полициски службеници од Полициското одделение Галате бил лишен од слобода Д.Г.(48) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за илегален влез во Република Северна Македонија и за криумчарење стока. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.
На 07.05.2021 во 18.45 часот било пријавено дека во Прилеп, на бул.„Гоце Делчев“, патничко возило удрило во велосипед управуван од малолетник од Прилеп и го напуштило местото на незгодата. Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.
На 07.05.2021 во 16.55 часот во Полициската станица Гази Баба е пријавено дека бил пронајден и вратен дома М.О.(16), кој на 06.05.2021 бил пријавен дека се оддалечил од домот.
На 07.05.2021 во 09.30 часот во Полициската станица Гази Баба Ј.О.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Перо Наков“ бил каснат од куче скитник.
На 07.05.2021 во 13.15 часот во Полициската станица Гази Баба е пријавено дека Л.С.(50) од Скопје, за која на 06.05.2021 беше пријавено дека се оддалечила од домот, била пронајдена и вратена дома.