На 04.05.2021 во 23.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар од слобода го лишиле К.Т.(35) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена мачета, со што сторил прекршок од Законот за оружје. Исто така, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик, односно не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 21.00 часот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 04.05.2021 околу 22.05 часот на локален пат над тетовското село Камењане, полициски службеници на СВР Тетово пронашле две вреќи со марихуана. Извршен е увид, а пронајдената дрога била подигната за вештачење. Се работи на расчистување на случајот.
На 04.05.2021 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 67 мерки, меѓу кои 28 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 16 за управување возило без возачка дозвола, 3 за технички неисправно возило, 2 за нерегистриранио возило, 2 за непрописно престигнување, 7 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон и 7 за непрописно паркирање.
На 04.05.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Љубљанска“ во Скопје, патничко возило „тојота“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(33) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Ф.Н.(51) од Скопје. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
На 04.05.2021 во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Јане Сандански“ и ул.„23 Октомври“ во Скопје, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(24) од Скопје, удрило во електричен тротинет, управуван од М.Д.Ј.(45) од Скопје. Во незгодата М.Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
На 04.05.2021 во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.С.(33) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 04.05.2021 во 20.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.К.(48) од Прилеп, удрило во куче скитник. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Б.(50) од Прилеп, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
На 04.05.2021 во 15.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.С.(44) од Скопје пријавила дека на бул.„Партизански одреди“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.