На 04.05.2021 во 06.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Ѕ.Ч.(43) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.05.2021 во 10.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Д.И.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.05.2021 во 21.25 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода од слобода бил лишен Б.П.(32) од Скопје, бидејќи кај него биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. Исто така, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик и не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 21.00 часот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 02.05.2021 во 22.20 часот во угостителски објект на ул.„Отокар Кершовани“ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 9 лица, бидејќи при контрола извршена во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, било констатирано дека не се почитуваат одлуките на Владата односно во објектот биле затекнати 9 лица. Тие се приведени во полициска станица за понатамошно постапување, а објектот од страна на ДПИ е затворен и пломбиран.

Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на 03.05.2021 спроведе засилени контроли во областа на сообраќајот. Притоа, биле констатирани 70 прекршоци, од кои 56 сторени од страна на возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. 

На 03.05.2021 во 12.20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.К.(46) од Радовиш и патничко возило „фолксваген поло“, со швајцарски регистарски ознаки, управувано од М.К.(29) од Радовиш. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Здравствен дом Радовиш. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Радовиш.

На 03.05.2021 во 21.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.Д.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ неговиот син бил каснат од куче скитник.

На 03.05.2021 во 18.36 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ж.З.(37) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Батанџиев“ неговиот  син  бил каснат од куче скитник.

На 03.05.2021 во 12.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај с.Беранци, патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(31) од Прилеп, удрило во бетонски столб од надвозник. Возачот починал на местото на незгодата. Лекар од Итната медицинска помош  констатирал смрт, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола.

На 03.05.2021 во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Македонско Косовска Бригада“ со ул.„Џон Кенеди“ и ул.„362“ во Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(39) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 03.05.2021 на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни акциски контроли. Притоа, биле санкционирале 77 возачи на патнички возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење, и тоа во Охрид 14, Струга 26, Кичево 16,  Дебар 21.

На 03.05.2021 во 15.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при пасошка контрола на K.A.(61) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „рено“ и полуприколка со турски национални ознаки, било констатирано дека поседувал фалсификувани зелени карти. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 03.05.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај клучка Матка, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од Ј.С.(23) од Скопје и патничко возило „ауди“, управувано од С.С.(51)  од с.Желино, и двете со тетовски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „бмв“, М.З.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

By Admin