На 30.04.2021 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода А.Ј.С.(21) од Гостивар, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 30.04.2021 во 21.20 часот на подрачјето на Бит Пазар од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода 15 лица, меѓу кои и еден малолетник, сите од скопско, бидејќи биле затекнати како гости при извршена контрола од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, во содејство со полициски службеници во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“, кој работел после пропишаното работно време. Од страна на ДПИ објектот е запечатен со пломба и затворен и, а против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.
На 30.04.2021 во 16.00 часот, на подрачјето на Центар, од страна на полициски службеници од СВР Скопје, при извршен преглед кај Д.Х.(20) од Скопје бил пронајден нож, со што сторил прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 30.04.2021 во 22.05. часот на ул.„Цветан Димов“ од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар биле лишени од слобода Б.С.(48), Н.Х.(42), двајцата од Скопје и Т.Ј.(46), од с.Марино, скопско, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Тројцата биле приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.
На 30.04.2021 во 21.10 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Никола Киров Мајски“, мотоцикл „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(40) од Скопје, удрил во две паркирани патнички возила „сеат алтеа“, и двете со скопски регистарски ознаки, едното сопственост на Д.Ѓ.(35) од Скопје, а другото сопственост на Г.С.(42) од Скопје. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
На 30.04.2021 на подрачјето на СВР Скопје беа спроведени засилени акциски контроли во областа на сообраќајот, при што биле изречени вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се и 25 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за користење на мобилен телефон, девет за прекршоци што ги чинат пешаците и 17 санкции за непрописно паркирани возила.
На 30.04.2021 во 16.30 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Партизански одреди“ патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(45) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Р.Ј.(75) од Прилеп. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
Полициски службеници од СВР Тетово на 30.04.2021 спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на непрописно престигнување, при што санкционирани се 43 возачи. Од нив 26 прекршоци се направени на територијата на Полициската станица Тетово, а 17 на територијата на Полициската станица Гостивар. Санкционирани се и 29 други видови на прекршоци.
На 30.04.2021 во 16.30 часот било пријавено дека на автопатот Градско-Неготино, кај Стоби, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Џ.(62) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата В.Џ. и сопатничката Т.Ѓ.(68) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кавадарци. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Неготино.
Во текот на 30.04.2021 спроведена е зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Куманово и на магистралниот пат Арачиново-Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 154 возачи. Од нив, 104 се движеле со брзина над дозволената надвор од населено место, а 50 возила се движеле со брзина поголема од дозволената во населено место.
На 30.04.2021 во 15.15 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосница од регионален пат Куманово-Свети Николе и ул.„Ѓорче Петров“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(28) од Куманово и мотоцикл „кимко“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(37) од Куманово. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
На 30.04.2021 во 10.15 часот во Полициската станица Драчево, Ф.Н.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.
На 30.04.2021 во 17.10 часот во Полициската станица Аеродром, И.Д.(33) од Скопје пријавила дека во близина на Железничката станица била касната од куче скитник.