На 27.04.2021 во 09.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир ги лишиле од слобода Ф.М.(35) и 15–годишник, двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.04.2021 во 18.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Б.Ф.(42) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и таблети. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.04.2021, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани го лишиле од слобода А.Н.(25) од Скопје и против него до Основното јавно обвинителство Кочани е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Пријавениот, на 26.04.2021 околу 15.30 часот во викенд куќа во с.Пантелеј, кочанско, сопственост на С.Г. од Кочани, по претходна физичка пресметка со Ж.Н.(61) од с.Пантелеј, со огнено оружје – пушка, која неовластено ја држел, испукал еден куршум во вратата од викенд куќата во која бил Ж.Н. Од страна на судија на претходна постапка на А.Н. му е одредена мерка притвор.

Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на 27.04.2021 спроведе засилени контроли во областа на сообракајот. Притоа биле констатирани 54 прекршоци, од кои 23 сторени од страна на пешаци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 27.04.2021 во 18.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосницата од ул.„Владо Малески“ со ул.„Пабло Неруда“ во Струга се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила „мерцедес“, и двете со струшки регистарски ознаки, едното управувано од Б.Б.(19) од с.Заграчани, струшко, а другото од Р.И.(59) од Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга.

На 27.04.2021 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола за прекршоци што ги прават пешаците во која биле откриени и санкционирани вкупно 43 прекршоци (ТЕ-32 и ГВ-11). Покрај ова, биле санкционирани и 16 други видови прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-9).

На 27.04.2021 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Лазар Трповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со српски национални ознаки, управувано од Л.С.Д.(38) од Скопје, мoтоцикл „дервин“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје и товарно возило „пежо партнер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(35) од Пробиштип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и 16-годишен сопатник од мотоциклот, а со телесни повреди се здобила Л.С.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 27.04.2021 во 12,30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при извршена проверка било констатирано дека А.Б.(34) од Косово во оперативната евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.

На 27.04.2021 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром, С.М.(73) од Скопје пријавил дека на бул.„АВНОЈ“ бил каснат од куче скитник.

На 27.04.2021 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу тротинет, управуван од Г.С.(36) и велосипед, управуван од Б.Н.(48), и двајцата од Скопје. Во незгодата, велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општата болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 27.04.2021 во 11.20 часот во Полициската станица Центар, А.А.(56) од Скопје пријавил дека на кеј „Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник.

By Author