На 26.04.2021 во 18.25 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Д.М.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.04.2021 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли. За време на акциската контрола биле констатирани 33 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани. При контролата биле констатирани и 32 прекршоци за пречекорување на брзината, 8 за нерегистрирани возила, 7 за управување возило без возачка дозвола, 4 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон и 2 за непрописно паркирање. И за овие прекршоци биле поднесени соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три за непрописно престигнување и обиколување и 30 санкции за непрописно паркирани возила.

На 26.04.2021 во 11.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 10.30 часот во с.Градец, во куќа во израдба, при изведување градежни работи, Ч.Н.(63) од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

На 26.04.2021 во 11.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.Д.(37) од Скопје пријавил дека на ул.„Вуковарска“ бил каснат од куче скитник

By Author