На 26.04.2021 во 00.30 часот во тетовски Деребој, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.М.(44) од Тетово и С.Е.(27) од с.Шемшево, тетовско. При нивен и преглед на патничко возило „фолксваген туран“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.М., а во кое сопатник бил С.Е., биле пронајдена марихуана и кафеава материја. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 25.04.2021 во 16.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода Д.Б.(25) од Битола, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на 19.04.2021 спроведе засилени контроли во областа на сообраќајот. Притоа, биле констатирани 89 прекршоци, од кои 72 за возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
На 25.04.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Трајко Николоски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.П.(50) од Прилеп и мопед „апен А-6“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.В.(66) од Прилеп. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
На 25.04.2021 на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 43 прекршоци, од кои пет во Велес, 14 во Кавадарци и 24 во Неготино, кои се соодветно санкционирани.
На 25.04.2021 во 18.25 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Прикланска крстосница – с.Бигла, кај место викано „Манастирски дол“, четирицикл „вилд 250“, без регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(28) од с.Калиманци, излетал од патот. Во незгодата Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на Полициската станица Виница.
На 25.04.2021 во 18.30 часот во Полициската станица Чаир, Д.Т.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Хо Ши Мин“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Полициски службеници од СВР Куманово во текот на 25.04.2021 спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на подрачјето на СВР Куманово. Притоа,санкционирани се 134 возачи, кои управувале со брзина поголема од дозволената. При контролата откриени се и законски санкционирани и 11 останати прекршоци.