На 24.04.2021 во 18.30 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишиле од слобода 17-годишен малолетник од с.Вруток, гостиварско, затоа што при преглед кај него биле пронајдени марихуана, ризли и семки од канабис. По целосно докумнетирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.04.2021 во 21.00 часот во с.Градашорци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.Т.(18) од с.Градашорци, затоа што при преглед кај него биле пронајдени марихуана и ризли. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 215 и член 206 од Кривичниот законик.
На 24.04.2021 во СВР Велес биле приведени Д.П.(45) и Е.Б.(30), двајцата од Косово, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 24.04.2021 во 16.47 часот во СВР Велес било пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, кај клучка „Штипска петља“, од патничко возило „мерцедес“, со косовски национални ознаки излегле лица – мигранти, по што возилото се упатило кон влезот на Велес, а по него се движело патничко возило „бмв х5“, со косовски национални ознаки. По преземени мерки кај крстосницата „Башино село“, полициски службеници го сопреле возилото „бмв х5“, управувано од Д.П., во кое биле пронајдени седум лица-мигранти од Пакистан. Исто така, било пронајдено и возилото „мерцедес“, кое било управувано од E.Б. од Косово. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока косовските државјани биле задржани во СВР Велес, возилата биле одземени, а мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци. Денеска, по брза постапка, косовските државјани ќе бидат спроведени до ОЈО ГОКК и Основен суд Скопје-1 во Скопје и ќе им бидат поднесени соодветни пријави.
На 25.04.2021 околу 01.30 часот магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај Тајмишка крстосница, полициски службеници од Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода Ј.М.(31) од Куманово, И.П.(34) од с.Калиште, пробиштипско и М.Б.(49) од с.Прждево, демиркаписко, затоа што со возило „мерцедес“, кое го управувал Ј.М., не застанале на знак за запирање од полициски службеници и затоа што при преглед во возилото биле пронајдени и одземени повеќе различни видови пиротехнички средства. Додека при нивен преглед, кај И.П. бил пронајден солзавец и капа „фантомка“. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по Законот за оружје и по член 206 од Кривичниот законик.
На 24.04.2021 во 15.30 во Полициската станица Центар, С.С.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитрие Чуповски“ бил каснат од куче скитник.
На 24.04.2021 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на на ул.„500“ во с.Марино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(30) од Скопје и мопед „априлија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Скопје. Од здобиените повреди малолетникот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција, а возилото било однесено на вонреден технички преглед.
На 24.04.2021 во 17.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.Н.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Востаничка“ бил каснат од куче скитник.