На 22.04.2021 во 20.50 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода А.Ф.(23) од Скопје, бидејќи кај него бил пронајден нож со што сторил прекршок од Законот за оружје. Исто така, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик и не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 20.00 часот. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 22.04.2021 во 22.30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ на влез во Република Северна Македонија, бил лишен од слобода Д.З.(47) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „даф“ со полуприколка, со турски национални ознаки. При извршена пасошка контрола на Д.З., било констатирано дека возачката дозвола била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 22.04.2021 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 57 мерки, меѓу кои 38 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 13 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за минување на црвено светло, 1 за некористење сигурносен појас и 3 за непрописно паркирање. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
На 22.04.2021 во 17.55 часот во Полициската станица Кавадарци, од Општата болница Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен П.В.(40) од Росоман, кавадаречко, кој со повредите се здобил околу 11.30 часот, додека извршувал работни задачи во фирма во с.Дабниште. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.
На 22.04.2021 година во 13.10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „опел вектра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.Н.(57) од Охрид удрило во пешак И.К.(37), од охридското село Куратица. Во незгодата И.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
На 22.04.2021 во 10.35 часот било пријавено дека на регионалниот пат Битола–Маково, во близина на мостот на р.Драгор, во насока за с.Логоварди, патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(31) од Битола, удрило во велосипед управуван од В.Ц.(68) од Битола. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.
На 22.04.2021 во 19.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.У.(25) од Скопје пријавила на ул.„Дичо Петров“ била касната од куче скитник.
На 22.04.2021 во 18.55 часот било пријавено дека во с.Истибања, виничко, мотоцикл, без регистарски ознаки, управуван од М.В.(29) од с.Истибања, паднал на коловозот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Виница.
На 22.04.2021 во 10.39 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ф.Н.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Батанџиев“ бил каснат од куче скитник.