Четиригодишно девојче е тешко повредено откако го нападнале четири кучиња додека си играло со пријател во соседната градина во близина на теренот за обука на Манчестер Јунајтед.
„Малото девојче беше облеано во крв, со рани по целото лице“, изјавиле соседите за Daily Mail.
Сопственикот на кучињата е одгледувач и чувал 14 кучиња низ куќата и во приколка.
Мајката на девојчето била сведок на немилиот настан и, како што велат соседите, извикувала „Помогнете ми – бебе мое“ додека се обидувала да и помогне на својата ќерка.
Соседите велат дека кај тој одгледувач често доаѓала полиција и, според нив, прашање на време било кога кучињата ќе нападнат некого.
Полицијата уапси три лица осомничени дека се вмешани во овој случај и заплени четири кучиња.
Како што е забележано, во текот на изминатите пет години, бројот на напади на кучиња во Англија и Велс е во пораст.