Шест полицајци загинаа, а четворица се тешко повредени во акцијата за разбивање на нарко бандата која владее со Нуево Леон, северната погранична држава во Мексико.

Полицијата на северната мексиканска погранична држава Нуево Леона објави дека патролата била нападната од заседа и дека напаѓачите биле побројни. Нападот се случил на автопатот кој води кон колумбискиот граничен премин.

„Полициските сили ја покажаа својата посветеност да ги заштитат луѓето од Нуево Леон и се посветени на тоа овие дела да не останат неказнети“, рекоа официјални лица.

Меѓу убиените полицајци има и една жена. Засега нема информации за идентитетот на напаѓачот. Со градот управувал наследникот на стариот картел Зетас.

Нуево Леон трпеше жестоко насилство пред една деценија под картелот Зетас. Долго време беше релативно мирен период, сè до оваа година кога имаше голем пораст на убиствата, вклучително и смртта на 18-годишен студент по право во Монтереј, град на северот на Нуево Леон.

Смртоносната заседа во Нуево Леон дојде само неколку дена откако четворица полицајци беа убиени откако биле навлечени во заседа во западно Мексико. Властите соопштија дека осуммина осомничени напаѓачи биле убиени во престрелка со другата полиција која веднаш дошла на местото на настанот. Мексико има регистрирано повеќе од 340.000 убиства и десетици илјади исчезнувања од започнувањето на контроверзната воена офанзива против организираниот криминал во 2006 година.

By Author