Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода А.Ш.(21) од прилепско село.
Како што информира МВР, тој се сомничи дека на влезот од селото во кое живее извршил обљуба врз малолетничка.
– Тој бил приведен во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а од судија му е одредна мерка притвор во траење од 30 дена, информира МВР.