Саудиските власти неодамна ја ослободија принцезата Басма бинт Сауд бин Абдулазиз и нејзината ќерка од притвор, каде што поминаа речиси три години, дури и без да бидат обвинети. Како отворена застапничка за човекови права, таа беше затворена три долги години поради нејзините прогресивни ставови, а нејзиниот братучед, престолонаследникот Мохамед бин Салман, не направи ништо за да и помогне во нејзините неволји.
Принцезата Басма бин Сауд бин Абдулазиз ал-Сауд (57) беше ослободена пред неколку дена, а исчезна од очите на јавноста во март 2019 година, како и нејзината ќерка Сухуд ал-Шариф.
Двете дами беа ослободени од притвор и пристигнаа во својата куќа во Џеда во четвртокот. Принцезата е добро, но ќе побара лекарска експертиза. Изгледа уморно, но е расположена и благодарна што конечно се сретна со своите синови“, изјави нејзиниот правен советник Хенри Естрамам.
Принцезата Басма е ќерка на вториот крал на Саудиска Арабија и отворен застапник за човекови права, која беше уапсен во март 2019 година.
Таа потоа на социјалните мрежи напиша дека била притворена во Ријад повеќе од една година, како и дека е во лоша здравствена состојба. Властите во Ријад одбија да го коментираат случајот, а принцезата испрати барање до нејзиниот братучед, кралот Мохамед бин Салман.
Таа побарала да ја посети лекар во затворот, за да ѝ ја пружи медицинската помош што и била очајно потребна.
Таа, како што истакна, била приведена без никакви обвиненија, објаснувања или официјални податоци. Таа и нејзината ќерка останале во затвор три години, додека кралот одбил да постапи по нејзините бројни молби.
Тие никогаш не добиле медицинска помош во затвор, но по три години го дочекале доаѓањето дома.
Како најмало дете на починатиот крал на Саудиска Арабија, принцезата Басма цел живот беше гледана како бунтовничка. Таа често го критикуваше односот на кралството кон жените и секогаш беше борец за човекови права.
Големата антикорупциска кампања во 2017 година доведе до тоа луксузниот хотел Риц Карлтон во Ријад три месеци да служи како притвор за членовите на кралското семејство и високи државници осомничени за корупција или нелојалност. Во април 2020 година, Кралската гарда ги уапси братот и внукот на кралот Саламан, обвинувајќи ги за поттикнување државен удар против принцот Мухамед.
Принцезата Басма беше држена во затвор за политички криминалци и предавници – Ал-Хаир. Нејзиното семејство им кажа на ОН дека најверојатно е во затвор затоа што отворено го критикувала злоставувањето.
Во моментот кога била уапсена планирала патување во Швајцарија поради тешката здравствена состојба, но таа можност и била ускратена, иако никогаш не и било кажано од каква болест боледува принцезата.