Верувале или не “ОТКАКО ГИ ОГРАБИЈА ” за да се заштититат од крадци СВР Охрид ќе ангажира агенција за обезбедување.

Грабежот во полицицискиот магацин со оружје во Охрид, после кој охридската полиција остана пократка за неколку шок бомби, солзавци и други предмети, внесе голем немир меѓу вработените во оваа институција, кој на крајот резултираше со тендер за избор на приватна агенција што ќе ја обезебедува полицијата.

 Грабежот не’ потресе сите, дури имаше колеги што не сакаа да доаѓаат на работа затоа што се чувствуваа небезбедно на работното место. За да ја вратиме старата работна атмосфера, едногласно решивме да ангажираме професионалци кои ќе не чуваат од крадци и криминалци додека ние си ја бркаме нашата работа. – рекоа од СВР Охрид.

Ова денес е најчитаната сатирична вест на порталот кооперација каде што може да ја прочитате целата вест:

https://kooperacija.mk/blog/satira/otkako-gi-ograbija-svr-oxrid-kje-angazira-agencija-za-obezbeduvanje-za-da-se-zastiti-od-kradci?fbclid=IwAR2TcH2FWXlTg66qXb4qFNO1WOTmk4M3QM6_D99-0TScpChdEyj_7xVgPNc

Единственото прашање е само зошто народот не е изненаден и од прв момент не сфаќа дека ова е сатира дали нешто навистина е труло во полицискиот систем….

By Author