Мистериозниот телеграмски канал „Генерал СВР“ наведува дека шефот на Кремљ наскоро ќе мора да оди на операција, поради што се подготвени двојниците

Гласините за влошената здравствена состојба на рускиот претседател Владимир Путин кружат низ западните медиуми уште од самиот почеток на војната во Украина, а неодамна се појави и луда теорија за неговата потенцијална „замена“.

Ова го пласираше мистериозниот телеграмски канал „Генерал СВР“, а се наведува дека на шефот на Кремљ наскоро ќе мора да му биде извршена операција, па за време на отсуството во јавноста ќе го менуват – двојници.

Инаку, оваа налог наводно го контролира поранешниот генерал-полковник на руската разузнавачка служба, познат под псевдонимот „Виктор Михајлович“, а тој е остро против рускиот претседател.

Исто така, се тврди дека снимката на која Путин присуствува на состаноци и потпишува закони биле однапред направени за да изгледа дека тој сè уште работи за време на неговото десетдневно отсуство поради операција на рак. За тоа време, наводно, ќе ја преземе функцијата Николај Петрушев, секретар на рускиот совет за безбедност и поранешен шеф на Федералната служба за безбедност. Тоа би било противуставно бидејќи во вакви случаи власта преминува во рацете на премиерот.

„Генерал СВР“ претходно тврдеше дека Путин има рак на абдоменот, Паркинсонова болест и шизоафективно пореметување, кое има симптоми на шизофренија, вклучувајќи халуцинации и манија.

Тој, врз основа на анонимни извори, известува дека медицинскиот персонал кој треба да ја изврши процедурата е веќе на дежурство.

– Ќе се прави ноќе помеѓу 1 и 2 часот по полноќ, а датумот се уште не е одреден. Датумот варира од безбедносни причини, но треба да се има предвид дека лекарите инсистираат операцијата да се изврши порано отколку подоцна. Сите лекари се Руси, сите поминале неколку нивоа на проверки – наведува „Генерал СВР“, пренесува Њујорк пост.

И покрај гласините, Кремљ отсекогаш силно негирал дека Путин има здравствени проблеми.

By Author