Лондон сака да ги подобри односите со Москва, но ќе одговори на „злонамерни активности“, рече министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб.
“Треба да се прилагодиме на новите закани со кои се соочуваме. Ова ќе го сториме со тоа што на Русија и другите непријателски држави ќе им ставиме до знаење дека ќе ги повикаме на одговорност и ќе ги присилиме да плаќаат за нивното злонамерно однесување”, изјави министерот.
Сепак, како што вели, Лондон подеднакво сака да ги подобри односите со Москва.
Неодамна, британскиот министер за одбрана, Бен Валас, изјави дека има зголемена активност на руски бродови крај бреговите на Велика Британија, нарекувајќи ја Русија непријател, што претставува најголема закана.
Западните политичари периодично даваат изјави за „руската закана“.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Русија нема намера да напаѓа никого. Според министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, Северноатлантската алијанса е свесна дека Москва не планира да нападне никого, туку едноставно користи изговор за распоредување повеќе војници во близина на границите на Русија.
Додека пак, Москва повеќепати изрази загриженост за зголемувањето на силите на Алијансата во Европа.