Денеска (21.11.2022) во 11.30 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на клучка Миравци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Ј.И. (26) од Скопје, затоа што со возило „алфа ромео” со швајцарска национална ознака, превезувал осум лица мигранти (шест од Сирија и две од Пакистан). Претходно, на автопатот кај место викано „Одмаралиште“, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, но набргу бил запрен и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против Ј.И. ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.

By Author